233

Џипот Гранд Чероки од 2015 година што се стркала наназад по патеката и го уби актерот Антон Јелчин рано наутро во неделата беше модел што Фиат Крајслер го повлече поради проблем со менувачот на брзини што ги збунува возачите, наведувајќи ги случајно да го остават автомобилот во неутрална положба кога мислат дека е безбедно паркиран.

Истражителите на полицијата во Лос Анџелес и производителот на автомобили во понеделник изјавија дека е прерано да се утврди причината за несреќата. Но, г-дин Јелчин загина откако излегол од својот џип, а тој се стркалал по стрмниот пат, згмечувајќи го во поштенското сандаче зајакнато со бетон, изјави портпаролката на полицијата, Лилијана Пресијадо.

Г-ѓа Пресијадо рече дека не знае дали менувачот на возилото е во неутрална положба. Но, џипот на г-дин Јелчин беше дел од повлекувањето на „Фиат Крајслер“ во април од речиси 812,000 возила, вклучувајќи ги моделите „Гранд Чероки“ од 2014 и 2015 година. Повлекувањето беше поттикнато од истрагата на Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата, по поплаките од сопствениците на автомобили и пријавите за десетици поврзани повреди.

Засегнатите возила, меѓу кои се и Dodge Chargers и Chrysler 300 од 2012-14 година, користат неконвенционална рачка за менување на автоматскиот менувач. Наместо да се поместува во различна положба со секоја брзина, рачката се враќа во централна положба. Возачот мора да го погледне менувачот за да се осигури дека е избрана соодветната брзина.

Кога беше објавено повлекувањето претходно оваа година, производителот на автомобили изјави дека е свесен за 41 повреда поврзана со проблемот со менувачот на брзини. Откако беше објавено повлекувањето, агенцијата доби најмалку осум дополнителни поплаки од сопственици на Гранд Чероки кои рекоа дека нивните возила се превртеле и се судриле, иако не се пријавени повредени.

Додека не се извршат поправките, „Фиат Крајслер“ треба да им каже на сопствениците да не ги возат возилата и треба да им обезбеди возила на позајмица, изјави во понеделник Кларенс Дитлоу, извршен директор на Центарот за безбедност на автомобили, група за заштита на потрошувачите.

За да го прочитате целиот текст на „Њујорк тајмс“, следете го овој линк: http://www.nytimes.com/2016/06/21/business/jeep-that-crushed-anton-yelchin-had-been-recalled.html?smprod=nytcore-ipad&smid=nytcore-ipad-share&_r=0